spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Ја интензивираме бизнис соработката со Северна Рајна- Вестфалија

МНР: Ја интензивираме бизнис соработката со Северна Рајна- Вестфалија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи и медиуми на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.

На средбата, министерот Османи ја поздрави одличната соработка со најголемата германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, која се официјализираше со потпишувањето на Заедничката декларација за соработка меѓу Владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија, февруари 2021 година, а која несомнено ја збогатува севкупна билатерална соработка и пријателските врски со Германија.

Министерот Османи подвлече дека економската соработка со оваа покраина, која е седиште на бројни водечки индустриски и бизнис капацитети, има значаен удел во севкупната економска соработка со СР Германија и се одвива во нагорна линија со акцент на присуство на компаниите како Гересхајмер, Костал Груп Кромберг и Шуберт на нашиот пазар.

 

„Интензивната програмска соработка со Северна Рајна Вестфалија е од особено значење и истата високо ја цениме имајќи ја предвид нејзината цел, преку модернизација на домашните економски структури, да се спротивстави на миграцискиот притисок “, истакна Министерот.

Министерот Лимински изрази задоволство од досегашната соработка со уверување дека истата ќе се интензивира како на политички, така и на економски план посебно со веќе воспоставената бизнис соработка и фирмите кои веќе успешно работаат во Северна Македонија. Посебно го истакна проектот за обука на 30-те млади студенти, клучен во нивното профилирање како професионалци во иднина, со што своето искуство ќе го пренесат во Северна Македонија и ќе станат мост за соработка меѓу економиите на двете земји.

Германскиот соговорник ја реафирмираше поддршката за забрзување на отпочнатите преговори на нашата држава со Европската унија и усвојувањето на уставните измени во најскоро време, како би можела Северна Македонија да започне со отворање на поглавјата во процесот на преговорите со Европската Унија.

Министрите разменија мислења и за новата геополитичка реалност, нашето претседавање со ОБСЕ, актуелните политички случувања и безбедносните предизвици во регионот на Југоисточна Европа, како и други прашања од доменот на надворешната и безбедносна политика.    

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи             

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...