МНР: Втор дипломатски економски караван–посета на Југоисточниот плански регион

МинистерстваМНР: Втор дипломатски економски караван–посета на Југоисточниот плански регион

Најчитано

Во понеделник и вторник, на 20 и 21 март 2023 година, Министерството за надворешни работи во соработка со Бирото за регионален развој, организираше економски дипломатски караван во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија.
Караванот, кој се реализира по втор пат од ваков тип, имаше за цел да ги презентира и промовира економските потенцијали на домашните фирми и да ги запознае претставниците на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија со инвестициските можности во Југоисточниот дел од земјата.
Во рамки на караванот, беше реализирана посета на најголемите економски центри во овој регион, општините Радовиш, Струмица, Дојран и Гевгелија.
На последователниот централен настан во Струмица, свои поздравни говори одржаа Заменик министерот за надворешни работи, г-ѓа. Фатмире Исаки, директорот на Бирото за регионален развој, г. Рамиз Реџепи, градоначалникот на Општина Струмица, г. Костадин Костадинов, како и претставници на други општини во регионот: Босилово, Ново Село, Валандово.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе