HomeОпштиниКарпош: Шампионско место на кошаркарите од ООУ Јан Амос Комески

Карпош: Шампионско место на кошаркарите од ООУ Јан Амос Комески

spot_img
spot_img

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на РСМ, кошаркарската екипа од ,,ООУ Јан Амос Комески”, го освои шампионското место на регионалното првенство во кошарка за основни училишта. Во квалификациониот натпревар, силите си ги одмерија екипите од основните училишта од Општина Карпош, Општина Центар и Општина Ѓорче Петров, кој  се одржа на 21.03.2023 година во спортската сала ,,Христо Батанџиев”.

Во полуфиналниот натпревар како победници завршија кошаркарите од ООУ ,,Јан Амос Коменски”, кои во фер и мирна спортска атмосфера ги надиграа кошаркарите од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, со резултат 52:45.

Веќе, во финалето против ООУ „Стив Наумов“ со убедлива победа од 66: 43, карпошовиот тим, предводен од предметниот наставник по физичко образование, Марјан Угриновски,  го освоија првото место на ниво на Град Скопје и директно се пласираа на Државното првенство во кошарка за основни училишта.

 

 

 

Извор: Општина Карпош  

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија