Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи вчера оствари работна средба со Филиш Шимен претставник на Стопанската комора на Виена.
На средбата заменик министерот Реџепи разговараше за интензивирање на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на реализација на капиталните проекти во делот на патната и железничката инфраструктура.
Заменикот министер истакна дека министерството за транспорт и врски со силен интензизтет ја реализира владината порграма за изградба и модернизација на патната ифраструктура како и доизградба на железничкит коридор 8.
“ Министерството за транспорт и врски останува моторот на домашната економија каде инвестира над 1 милијарда евра во капитални проекти. Денешната средба со претставникот од стопанската комона на Виена е од особено знаечење со оглед дека во следниот период планираме реализација на крупни проекти во патната инфраструктура, железницата и гасификацијата. Ова беше добра можност да ги претставам сите наши планови и да ги повикам сите заинтересирани компании од Австрија да земат учество на меѓународните јавни повици кои се однесуваат токму на планираните проекти’’истакна Беким Реџепи заменик министер за транспорт и врски.