spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: реализација на капиталните инвестиции во населба Јака

Илинден: реализација на капиталните инвестиции во населба Јака

Општина Илинден интензивно работи на реализација на повеќе капитални проекти во населба Јака со цел обезбедување на соодветни современи услови за живеење на грѓаните од тој дел на Општината.

Деновиве се поставува препумпен уред со што се завршува изградбата на фекалната канализација во Јака во вкупна должина од 6300 метри, со која треба да бидат опфатени најголем дел од домаќинства од тој дел на Општината. Со изградбата на препумпниот уред ќе се комплетира системот за одведување на отпадни води во Јака и ќе се создадат услови за приклучување на домаќинствата на системот.  Сите заитересирани граѓани кои сакаат да се приклучат на системот за одведување на отпадни води, потребно е да достават барање за проверка на техничка можност за реализација на приклучок на канализациона мрежа во администратвните простории на ЈКП “Водовод“ – Илинден. Исто така во Јака завршена е изградбата на примарната водоводна линија со дијаметар Ø225 во должина од 400 метри. Со поставување на овој цевковод ќе се поврзе примарната со водоводната линија од населбата Јака. Со поврзувањето ќе се обезбеди доволно количество на вода за корисниците во Јака.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, сите инвестиции кои се реализирани во Јака, локалната самоуправа и јавните претпријатија ги финансираат од сопствени средства. Со реализацијата на овие капитални проекти се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден, а воедно ќе се подобри квалитетот на животот и ќе се заштити животната средина. Дополнително во однос на уличното осветлување пуштена е нова линија во должина од 350 метри. Екипите на ЈКП ,,Илинден” работат на поставување и на нови линии за улично осветлување.

Во наредниот период предвидена е изградба на паркови и повеќенаменски детски игралишта, озеленување, хортикултурно уредување на просторот и уште многу други проекти кои ќе допринесат за подобри услови за живеење на жителите од Јака.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...