HomeСамостојни органиАХВ: На барање на Општина Тетово одржан состанок за решавање на проблемот...

АХВ: На барање на Општина Тетово одржан состанок за решавање на проблемот со бездомните кучиња

spot_img
spot_img

На барање на Општина Тетово, а во насока на трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња во оваа општина вчера директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами и претставници на општинскиот Совет. Како што беше истакнато на средбата, на која присуствуваа и стручни лица од Секторот за здравствена заштита на животните при АХВ, за општина Тетово, решавањето на проблемот со бездомните животни е приоритет  за кој Општината и Советот сега бараат најдобро и најбрзо решение во интерес на заштита на граѓаните.

Како што беше истакнато од страна на Градоначалникот и претставниците на Советот на Општината, во интерес на изнаоѓање на најдоброто законско решение за решавање на проблемот со бездомните животни, Општина Тетово ќе ги стави на располагање сите расположиви ресурси.  Претставниците на АХВ  детално  ги објаснија можностите и условите кои и стојат на располагање на општината за воспоставување на систем на прифатилиште, потенцирајќи ја можноста  тоа општината да го направи самостојно, или да се организира  со  соседните општини. Акцент беше ставен  и за тоа кои услови ќе треба да бидат исполнети за организирање на стационарот на бездомни животни, како и за подготовката на програма и план како услови за воспоставување на прифатилиште, за што АХВ изрази целосна подготвеност и поддршка  за нивна подготовка.

На состанокот акцент беше ставен и на условите кои Општината  и прифатилиштето кое ќе биде воспоставено ќе треба да ги исполни од аспект на почитување на одредбите од законите за здравствена заштита и благосостојба на животните и подзаконските акти кои произлегуваат од нив а кои непосредно се однесуваат на работата на прифатилиштата.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија