spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Пролетна акција за косење на тревните површини низ општината

Кисела Вода: Пролетна акција за косење на тревните површини низ општината

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ Општина Кисела Вода. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници.

 

Косењето на тревната вегетација и уредувањето на парковското зеленило денес се одвива во урбаната заедници 11 Октомври Згради со фокус на трим патеката, која најмногу се користи од рекреативците. Се коси во Пржино и Црниче, од вчера и во селото Драчево, додека минатата седмица вакви активности се одвиваа и во населбата Драчево. Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови. Утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе се продолжат ваквите активности и по трим патеката. Ги повикуваме сите граѓани кои забележале некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат службите на Општина Кисела Вода, по што ќе може да се интервенира. Паралелно, локалната самоуправа работи и на расчистување на отпадот и новоастанатите мини депонии, за кои повторно ќе апелираме на совесно однесување на граѓаните.

Топлите пролетни денови кои ни претстојат нашите жители ќе можат да ги искористат во природа, за прошетки и рекреација во чиста, уредна и уредена општина. За оваа цел, Општина Кисела Вода интензивно работи, а ќе се преземати дополнителни  активности за  подобрување на услугата од комуналните служби.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија