Рокот за плаќање на даночните обврски по основ на ДД и ДЛД истекува на:
- до 30 Март 2023 година – за обврските по ДЛД-ДБ за 2022 година
- до 30 Март 2023 година – за обврските по ДБ, ДБ-ВП и ДБ-НП/ВП на даночните обврзници кои до ЦРРСМ поднеле годишна сметка во хартиена форма (со рок за поднесување до 28.02.2023 година)
- до 18 Април 2023 година – за обврските по ДБ, ДБ-ВП и ДБ-НП/ВП на даночните обврзници кои до ЦРРСМ поднеле електронска годишна сметка (со рок за поднесување до 15.03.2023 година)
Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.
Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:
- отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето
- УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата
- повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспеаните месечни рати и др.
Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)
Начин на исполнување на даночниот долг
Даночниот обврзник го исполнува даночниот долг со плаќање на паричен износ на пропишаните уплатни сметки за јавни приходи: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki
Даночниот долг може да биде исполнет и со пребивање, ако даночниот обврзник има уплата по основ на даноци по друг основ или побаруван данок по друг основ во износ кој е поголем од долгуваниот износ, па од износот на претплатата ќе се намират пристигнатите обврски за данок на добивка. Исполнувањето на даночниот долг може да се изврши и со плаќање од страна на трето лице.
Повеќе информации за начинот на пресметување и плаќање на данокот на добивка, годишниот данок на вкупен приход и данокот на доход од самостојна дејност ќе најдете на:
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/580
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/537
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/151
Извор: Управа за јавни приходи