spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алиу - Ги охрабруваме жените да изберат ИКТ професија

МИОА: Алиу – Ги охрабруваме жените да изберат ИКТ професија

„ИТ сектор – можности за економски силна жена“, е наслов на панелот на којшто учествуваше министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на вториот ден од регионалната конференција-Предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките во регионот на патот кон ЕУ, „Гласно и храбро ги поместуваме границите“.

Министерот Алиу истакна дека вклученоста на жените во процесите на дигитализација и дигитална трансформација е од особено значење за родовата еднаквост и инклузивност на жените во сите сфери на општеството, а посебно во доменот на информатичко комуникациските технологии.

,,Наша заложба е, во соработка со МОН и Универзитетите, да се охрабрат жените во што поголем број да го следат патот на успешните жени ИКТ професионалци, и уште од најрана возраст, да го насочат своето образование кон оваа област и да го заокружат како дипломирани ИКТ инженери на факултетите во земјава или пошироко“, рече меѓу другото министерот Алиу, нагласувајќи дека Владата на Република Северна Македонија обрнува  посебно внимание кон Дигиталните вештини, кои  претставуваат  еден од најважните столбови во Националната стратегија за ИКТ 2023-2030, на која активно работи МИОА.

 

,,Министерството силно се залага за примена на дигиталната трансформација како можност да се вклучат поголем број жени во претприемништвото, да се создадат услуги, за жените да имаат исти можности како и мажите, да ги охрабрат да имаат еднаква комуникација со институциите. Посебен акцент ќе биде ставен на лидерството, како клучен фактор во овие трансформации, а во таа насока и на важноста од целосна и еднаква застапеност на жените на сите нивоа и во сите области“, истакна министерот Алиу.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте