spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Пенов - Ќе ги зајакнеме капацитетите на општините за изработка на...

МЛС: Пенов – Ќе ги зајакнеме капацитетите на општините за изработка на проектна документација за европски проекти

Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за регионален развој обезбеди поддршка од УНДП и од Шведската Агенција за развојна соработка за поддршка на општините за изработка на проектна документација. Општините, особено помалите кои што имаат ограничени човечки и финансиски ресурси тешко се снаоѓаат со подготовка на поголеми, инфраструктурни проекти кои што бараат обемна техничка документација, согласно стандардите на големите финансиски институции како што се ЕУ, Светска банка и други, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Вкупната вредност на проектот  „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти”е 2,6 милиони долари, од кои 1.8 милиони долари се обезбедени од страна на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (СИДА), 500,000 долари од страна на Бирото за регионален развој, а кофинасирање од околу 240,000 долари се очекува да биде обезбедено од страна на општините.  За техничкот фонд за изработка на проектна документација се наменети 1,5 милиони долари.

– Постојат многу извори на средства за финансирање на проекти, но потребно е да се има добар, комплетен и конкурентен проект. Досегашното искуство покажува дека отсуствува квалитетна понуда на проекти од страна на општините, дури и кога имаме обезбедено средства. Во процесот на интегрирање во Европската Унија покрај усогласување на законодавството, треба да покажеме и капацитетност за имплементирање нафондовите на Европската Унија, согласно нивните правила, појасни Пенов.

Првиот повик за општините и за Центрите за развој се очекува веќе во април.

– Важно е проектите да ги следат глобалните развојни трендови и да се вклопат во глобалната агенда за оддржлив, зелен и инклузивен развој за да бидат препознаени и високо рангирани од финансиските институции. Поддршката ја имаат, се надевам дека општините паметно ќе ја искористат за да може процесот да се затвори до крај, до целосна реализација на проектите кои што ќе бидат понудени од нивна страна, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте