spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Со министерката за правда на Австрија, Задиќ зајакнување на соработката во...

МП: Со министерката за правда на Австрија, Задиќ зајакнување на соработката во делот на реформите во правосудството

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со министерката за правда на Австрија , Алма Задиќ. Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на  патот кон Европската Унија.

Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за соработка  на двете министерства во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право , борбата против корупцијата, дигитализацијата на правосудството. Министерите се договорија ,Австрија преку свои експерти да го пренесе своето знаење и искуство, вклучувајќи професионални обуки на судиите и обвинителите.

Министерот за правда Кренар Лога рече дека секоја помош  на Австрија е добредојдена за натамошниот развој на државата. Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ му посака успешна работа на министерот Лога и порача дека фокусот на регионот треба да биде насочен кон борбата против корупцијата и спроведувањето на реформите.

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...