spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Увид во работа на ул. Васко Карангелески

Град Скопје: Увид во работа на ул. Васко Карангелески

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во завршните работи на улицата „Васко Карангелески“ на потегот до булеварот „Трета македонска бригада“, каде се изведе целосно ново булеварско решение со по две коловозни ленти во правец, пешачки и велосипедски патеки. Коловозот е на површина од 10590 метри квадратни, на должина од 1080 метри, а изградена е целосно нова атмосферска канализација во должина од 380 метри.

На трасата се изведува пешачка патека од павер елементи на површина од 5600 метри квадратни и велосипедска патека со површина од 2400 метри квадратни, соодветно хортикултурно уредување и осветлување.

Со одржливи сообраќајни решенија што се зголемува ефикасноста на градскиот сообраќај, но пред се се овозможува зголемена безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...