По повеќе од пет децении, целосно се реконструирани улиците “Мостарска” и “Пребондова”.
По пет децении, решен е најголемиот проблем на овие жители. Поставена е нова атмосферска линија со којашто се реши деценискиот проблем. Покрај тоа, улиците се целосно асфалтирани, а санирани се и тротоарите.
Нема повеќе поплавени домови, нема повеќе загрижени граѓани!
Ветувањата кон граѓаните мора да се исполнат! Продолжуваме со решавање на децениските проблеми, затоа што граѓаните заслужуваат модерна и урбана општина Бутел.
Градежната офанзива се одвива со силна динамика!
Заедно со граѓаните ќе ја направиме општина Бутел модерна и развиена!
Извор: Општина Бутел