spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, февруари 2023 година

ДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, февруари 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 101.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.8 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − февруари 2023 година, во однос на периодот јануари − февруари 2022 година, изнесува 101.2.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...