HomeМинистерстваМНР: Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред членство!

МНР: Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред членство!

spot_img
spot_img

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Рим и учеството на министерскиот состанок за Западен Балкан, учествуваше и на Конференцијата “Нови визии за Западниот Балкан: пристапување во ЕУ и регионална безбедност” во ко-организација на Министерството за надворешни работи на Италија, Институтот за меѓународни работи од Рим и Опсерваторијата Балкан од Тренто.

Османи ја нагласи неопходноста од успешна социо-економска транзиција и поттикнување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ уште пред членството.

“Она што ни треба за да го вратиме позитивниот тренд за поддршка на евроинтеграцискиот процес може едноставно да се дефинира како постигнување на повеќе и подлабока интеграција уште пред членството. За нашите граѓани е значајно да видиме промена на подобро во секојдневниот живот”, предочи министерот Османи.

„Се покажавме како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, позитивно придонесуваме за регионалната стабилност со давање поддршка на нашите соседи во надминување на отворените билатерални прашања, како што е неодамнешниот состанок на Дијалогот меѓу Србија и Косово, кој се одржа во Охрид, и со иницирање нови формати на соработка, како што е Иницијативата 8 долж Коридорот 8 со Бугарија, Италија и Албанија, иницијативата Б6 и најновата ЕУ Четворка – ЕУ Квад на оние држави од Западен Балкан кои имаат целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ“, укажа Османи.

На конференцијата, покрај домаќинот – потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, учествуваа министрите за надворешни работи од државите во регионот, шведскиот министер за надворешни работи Тобиас Билстром, еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји, заедно со реномирани експерти и политички аналитичари од тинк-тенк институти од регионот.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија