spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Италијанскиот засилен фокус на Балканот е повеќе од добредојден

МНР: Италијанскиот засилен фокус на Балканот е повеќе од добредојден

За време на својата работна посета на Италија и учество на министерскиот состанок за Западен Балкан, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше и билатерална средба со својот италијански колега, Антонио Тајани.

Во фокусот на разговорите беа процесот на пристапување на нашата држава во ЕУ, регионалната динамика и обновувањето на интересот за Иницијативата И8 меѓу Северна Македонија, Италија, Албанија и Бугарија долж Коридорот 8.

Министерот Османи го поздрави обновениот и засилен фокус на Италија кон регионот кој има за цел да го реактуелизира и забрза процесот на евроинтеграција на државите од регионот, истовремено промовирајќи дијалог и соработка.

“Се покажавме како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, придонесовме за заедничка поддршка на Украина, вклучително и воена, настапуваме со знаење и експертиза на скринингот на ЕУ и решени сме да ги извршиме уставните амандмани за да го отвориме првиот кластер Темели што е можно поскоро”, го запозна Османи соговорникот.

Османи го реафирмираше интересот од наша страна за продлабочување на меѓусебната соработка меѓу Северна Македонија, Италија, Албанија и Бугарија преку Иницијативата И8, со цел да се забрзаат инфраструктурните, енергетските, дигиталните и комуникациските инвестициски проекти долж трасата на транс-европскиот транспортен коридор VIII, што истовремено ќе послужи и како политичка платформа за унапредување на политичката, економската, безбедносната, културната и социјалната соработка.

На средбата беа разменети и мислења околу нашето претседавање со ОБСЕ и италијанската поддршка во справување со актуелните предизвици на Организацијата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...