МОН: Обуки за вработените за измените на Законот за јавни набавки

МинистерстваМОН: Обуки за вработените за измените на Законот за јавни набавки

Најчитано

За вработените во Министерството за образование и наука беше организирана обука за проширување на знаењата за спроведување на постапките за јавни набавки, согласно новите измени на законската регулатива.

Околу 40 лица вработени во институцијата учествуваа на предавање кое се одржа во Клубот на пратеници, а во фокусот беа измените на Законот за јавните набавки и правилно толкување и примена на новите одредби. За време на обуката стана збор и за одлуките на Владата за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за тоа како да се постапува согласно истите при реализација на постојните договори и при склучување на нови.

Имајќи предвид дека МОН е институција со прилично обемен годишен план за јавни набавки, во чие спроведување учествуваат најголем дел од вработените, истите изразија задоволство од можностите за едукација и за квалитетот на предавањата.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе