Врз основа на член 27 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2005, 117/2008, 17/2011, 135/2011, 15/2013, 41/2014, 146/2015, 30/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 20/2019, 248/2020 и 302/2020), Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови („Службен весник на Република Македонија“ број 55/10, 49/11, 50/15, 59/16, и 41/17) и Правилникот за начинот на остварување на правото за сместување во ученички дом за учениците во спортска академија бр.20-6066/1 од 22.03.2016 година, Министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 г.
Во учебната 2023/2024 година во јавните ученички домови ќе се примаат за сместување и исхрана ученици од средното образование и тоа:
| Ред. број | УЧЕНИЧКИ ДОМ | ОПШТИНА | Вкупен број на легла* |
| 1 | “Мирка Гинова” | Битола | 308 |
| 2 | “Лазар Лазаревски” | Велес | 221 |
| 3 | “Бранко Станоевиќ” | Гостивар | 250 |
| 4 | “Крсте П. Мисирков” | Кавадарци | 100 |
| 5 | “Проф. Мијалковиќ” | Куманово | 120 |
| 6 | “Митко Пенџуклиски” | Кратово | 33 |
| 7 | “Боро Менков” | Крива Паланка | 60 |
| 8 | “Св.Наум Охридски” | Македонски Брод | 50 |
| 9 | “Ванчо Питошески” | Охрид | 125 |
| 10 | “Кочо Рацин” | Свети Николе | 106 |
| 11 | “Димитар Влахов” | Струмица | 96 |
| 12 | “Браќа Миладиновци” | Струга | 140 |
| 13 | “Здравко Цветковски” | Скопје | 410 |
| 14 | “Д-р Панче Караѓозов” | Скопје | 103 |
| 15 | “Св. Наум Охридски” | Скопје | 65 |
| 16 | “Димитар Влахов” ЗРО | Скопје | 60 |
| 17 | “Партение Зографски” | Скопје | 220 |
| 18 | “Искра” | Штип | 70 |
Извор: Министерство за образование и наука























