HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Ги интензивираме работите за новото училиште во Визбегово од...

МОН: Шаќири – Ги интензивираме работите за новото училиште во Визбегово од септември да ги отвори вратите за учениците

spot_img
spot_img

Министерот за образование и наука Јетон шаќири изврши увид во градежните активности на новиот училишен објект во населбата Визбегово, кој се гради со средства од буџетот на МОН и согласно предвиденото треба да биде завршен до почетокот на новата учебна година.

– Минатата година го означивме почетокот на градбата, а денеска сме тука да видиме како се одвиваат градежните работи. Од изведувачот добивме уверување дека објектот ќе биде завршен во предвидениот рок, по што ќе следува негово опремување со училишен инвентар и нагледни средства, изјави Шаќири.

 

 

Инвестирањето во образовната инфраструктура, потенцираше министерот, и натаму ќе биде еден од приоритетите на Министерството за образование и наука затоа што тоа е еден од условите за квалитетна настава и едукација на младите.

– Максимално сме посветени на сите општини, на сите рурални и урбани средини каде има потреба од инвестиција, затоа што сите ученици се еднакви и исти и заслужуваат квалитетно образование, додаде Шаќири, заблагодарувајќи им се на сите инволвирани кои ги поддржуваат напорите за градење на добра образовна инфраструктура и кои ја делат визијата за квалитетен национален образовен систем.

 

 

За оваа инвестиција се издвоени средства од буџетот на МОН во висина од 107 милиони денари.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија