spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата ја одржа 142-та седница

Владата ја одржа 142-та седница

Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација.

На вчерашната владина седница се донесени и други кадровски одлуки. Со нив, Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид, на негово барање. Владата одлучи да го именува Александар Бузлевски за в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид.

Владата донесе и одлука Розита Благојевиќ да ја разреши од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Одлучено е Драган Угреновиќ да биде именувам за директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...