spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Училишните библиотеки ќе се збогатат за по 100 нови наслови

Ѓорче Петров: Училишните библиотеки ќе се збогатат за по 100 нови наслови

Секоја училишна библиотека во Ѓорче Петров ќе добие по 100 нови наслови од издавачката куќа „Арс Ламина“.

 

Кампањата “Читањето е супермоќ” во соработка со издавачката куќа “Арс Ламина” е одличен поттик за релевантните чинители во насока на развој на читачката култура и негување на македонскиот литературен јазик.

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров се одржа настан кој е дел од кампањата, а имаше за цел промоција на книгата која треба да биде дел од сечие секојдневие.

Учество земаа директорите, педагошките служби, наставниците од шесте основни училишта, подржани и вклучени во интеракцијата, дел од општинската администрација како и градоначалникот Александар Стојкоски.

Во оваа насока, за 2023 планирано е донација по 100 книги, литературни средби со автори, вклучување експерти, релевантни лица, но и родители во процесите.

Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел развој и промоција на одредена дејност што носи добробит за генерациите.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Илинден: Најдобрите ученици на државните натпревари на прием кај градоначалникот Георгиевски

0
И оваа година Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием на учениците од основните и средното училиште од општината кои освоија високи места...