spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Со поддршка на Швајцарија до поквалитетно дуално образование

МОН: Шаќири – Со поддршка на Швајцарија до поквалитетно дуално образование

Поддршката на Швајцарија за реформите на системот за развој на стручни вештини продолжува и ја остварува целта да се школуваат кадри со вештини и компетенции кои им овозможуваат брзо вклучување на пазарот на труд. Со подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование расте и интересот кај младите за концептот – учење преку работа, што се гледа и преку континуираниот раст на бројот запишани осмоодделенци во стручните, посебно во дуалните паралелки.

Ова го посочи министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со заменик амбасадорот на Швајцарија во Скопје, Лусиен Аегертер на која се разговараше за унапредување на заедничките активности поврзани со средното стручно образование. Заменик амбасадорот Аегертер изрази задоволство што и во Северна Македонија успешно се реализира швајцарскиот систем на стручно образование што докажано создава квалитетен кадар.

Оваа учебна година дуално образование се реализира во 225 паралелки со 2.763 ученици, во соработка со 450 компании. Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година предвидени се 259  дуални паралелки со вкупно 6.475 ученички места, во соработка со над 500 компании. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Гази Баба: Постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како...

0
Ги информирамe граѓаните на Општина Гази Баба дека по разговор на градоначалникот Бобан Стефковски со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме...