spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Соопштение

МП: Соопштение

Ве информираме дека до Министерството за правда, до истекот на рокот (10.04.2023) се пристигнати следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:

  • Цветанка Иванова-СДСМ
  • Арбр Адеми-ДУИ
  • Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците
  • Соња Мираковска-НСДП
  • Нано Ружин-ЛДП
  • Христа Најданов-ДОМ
  • Темелко Ристески-Партија на пензионери
  • Раметула Куќи-ДПА
  • Еран Куртиш-Партија за движење на Турците
  • Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците
Пристигнати предлози од институции:
  • Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија
  • Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања
  • Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи
Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.
Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.
Со почит,
Министерство за правда

Прочитајте

Илинден: Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден. Како што...