Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска завчера во Бизнис Академија Смилевски – БАС во Битола имаше воведно обраќање на промотивниот нaстaн нa ИПA проектот G.EM.S. “Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации ”.
Во својот говор Оџаклиеска истакна: – “Неодамнешното истражување на “Евробарометар ” за фер и зелени транзиции покажа дека 45% од младите Европејци не мислат дека нивните сегашни вештини им дозволуваат да придонесат за зелената транзиција во сите сфери на општеството, иако младите навистина се во првите редови во оваа трансформација. Нивната храброст и енергија е одлучувачка. И наша одговорност е да оставиме подобра иднина на следните генерации. Младите ги поттикнуваат социјалните промени и економскиот раст. Реструктурирањето на економијата мора да ги ангажира младите луѓе и тие треба да бидат заштитени во текот на целата промена. За да го постигнеме сето тоа потребни се промени во образовниот систем, преку воведување на зелени вештини, во што секако ќе помогне и реализацијата на овој проект ”.
Воедно, таа додаде дека анализите покажаа 70% од намалувањата на стакленички гасови може да се постигнат со политики и мерки „win-win“, што значи дека овие мерки ќе придонесат во намалување на емисиите со негативни специфични трошоци, додека најголемо учество во креирањето на нови домашни зелени работни места имаме при Доградба на постоечки станбени згради (42%), Изградба на пасивни куќи (21%), ОИЕ без стимулации (6%). и соларни термални колектори (8%). Свесна сум дека ни претстои уште макотрпна работа за постигнување на зацртаната цел, но убедена сум дека ако со заеднички сили посветено работиме заедно со младите, со образовните институции и бизнис заедницата, резултатите нема да изостанат.
На настанот присуствуваа и Грaдонaчaлникот нa Прилеп Борче Јовески, Почесниот конзул нa Р. Грцијa Aлексaндрос Видурис, како и престaвници од повеќе институции и учесници во проектот.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање