spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Со Шумарскиот факултет продолжува успешната соработка

МЖСПП: Со Шумарскиот факултет продолжува успешната соработка

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање министерката за животна средина и просторно планирањеKaja Шукова вчера оствари работна средба со деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (ХЕФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Кирил Сотировски.

На средбата се разговараше за досегашната соработка со оваа наставно-научна установа, при што во фокусот на дискусијата беше зачувувањето, заштитата и унапредувањето на шумите во заштитените подрачја во нашата држава, како еден од предусловите за генерално зачувување на биодиверзитетот. Беше разгледан статусот на имплементација на досегашните заеднички проекти и беше договорено продлабочување и унапредување на соработката преку започнување со реализација на повеќе конкретни проекти од заеднички интерес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...