Вчера во посета на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова беше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
На средбата се разменија информации за тековните и планираните активности на локалната самоуправа, а министерката Шукова информираше за начините на кои Министерството може да ја поддржи општината во спроведување на проекти за заштита на животната средина со посебен акцент за заштитата на УНЕСКО, преку тековните Програми на Министерставото, како и важноста на проактивното учество на општината во идните активности кои ќе се спроведуваат во рамките на Регионален проект за цврст отпад″.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање