spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за време на Велигденските...

Центар: Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за време на Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14.04. (петок), 16.04. (недела) и 17.04.2023 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, 15.04.2023 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 18.04.2023 година (вторник) со вообичаено работно време.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави Велигденски празници.

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...