spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу се сретна со албанскиот амбасадор H.E Фатос Река

МИОА: Министерот Алиу се сретна со албанскиот амбасадор H.E Фатос Река

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вчера го пречека на работна средба албанскиот амбасадор во Северна Македонија, H.E Фатос Река.

Во фокусот на разговорите беа одличните пријателски односи и соработката меѓу двете земји, натамошното интензивирање и консолидирање на оваа соработка,  како во рамки на билатералните односи, така и во однос на заедничкиот евроинтегративен процес.

Министерот Алиу го информираше амбасадорот Река дека дигитализацијата на јавните услуги е наш приоритет како министерство и соработката во вакви заеднички проекти ќе биде во корист на граѓаните на двете земји. Воедно му се заблагодари за посетата на МИОА.

,,Ја цениме нашата соработка и остануваме посветени на работата во насока на функционирање на институциите во служба на граѓаните. Албанија и Северна Македонија го следат истиот пат кон ЕУ“, истакна министерот Алиу.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...