spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Нови дестинации за граѓаните

МТВ: Нови дестинации за граѓаните

Авиокомпаниите “Визер” и “Луфтханза” ќе добијат тригодишна финансиска поддршка за воведување на 5 нови авиолинии.  На вчерашната прес конференција  претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочаврски ги образложија деталите за новите авиолинии.

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски:

” Развојот на ависообраќајот е високо на агендата на Владата и во таа насока создаваме подобри и поквалитетни услуги за нашите граѓани, како и овозможување нови дестинации, со кои ја поврзуваме Северна Македонија со Европа и светот.

Последиците од ковид пандемијата имаа големо влијание врз авиосообраќајот во земјата, но веќе тоа е зад нас. Податоците покажуваат дека дека во 2022 година имаме превезено над 2,3 милиони патници преку нашите два меѓународни аеродроми.

На заедничко големо задоволство би сакал да известам дека имавме успешен јавен повик и обезбедивме нови дестинации за нашите граѓани.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии кој беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија, траеше од 1 март до 31 март оваа година.

Барања за воведување на нови авиолинии и финансиска подддршка за истите доставија две реномирани авиокомпании Луфтханза и Визер.

Стручната Комисија задолжена за спроведување на јавниот повик изврши евалуација на доставените понуди и донесе заклучок за склучување на договор за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии и тоа:

Авиокомпанијата Луфтханза достави барање за воведување на нова линија од Меѓународниот аеродром Скопје до меѓународниот аеродром Франкфурт и тоа 10 пати неделно.

Оваа линија започнува да сообраќа од 23 април оваа година.

Сметаме дека ова е од големо значење за сите граѓани од причина што аеродромот во Франкфурт е своевиден ХАБ, кој ги поврзува сите странинасветот со огромен број на меѓународни и интерконтинентални дестинации.

Компанијата Визер ги достави следните дестинации за кои е одобрена финансиска поддршка:

Скопје – Луксембург,

Скопје – Штутгарт,

Скопје – Салцбург и

Скопје – Љубљана, за која имаше огромен интерес од граѓаните и бизнис заедницата.

Кон овие 4 дестинации предвидено е да имаме 3 лета во неделата.

Планирано е воведување на овие линии од 1 ноември оваа година.

Во однос на субвенциите, како што напоменав, финансиската поддршка ќе се исплаќа за 2023 година, 2024 и 2025 година.

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава веќе има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно 5 милиони евра за тригодишната програма.

Во однос на финансиската поддршка, таа ќе изнесува 7 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје.

 

Морам да истакнам дека авиопревозниците за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршувањето на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка.

Односно, ако компанијата добивала субвенции во рок од 3 години, истата ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Уште еднаш, сакам да изразам големо задоволство што успеавме да отвориме 5 нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје. Само во овој момент од аеродомот од Скопје се лета кон 41 дестинација, а од Охрид кон 7 европски дестинации.

Нашите политики се во насока да го развиеме воздушниот сообраќај во земјата, да обезбедиме квалитетен развој на цивилното воздухопловство, како и да формираме конкурентни цени и нови дестинации за нашите граѓани, како и за привлекување туристи од цела Европа и пошироко.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...