HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова на средба со градоначаникот на Општина Чучер – Сандево

МЖСПП: Шукова на средба со градоначаникот на Општина Чучер – Сандево

spot_img
spot_img

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со градоначаникот на Општина Чучер – Сандево, Сашко Комненовиќ.Sredba_Sukova_gradonacalnik_Cucer Sandevo_Komnenovic

Во фокусот на разговорот беа активностите за имплементирање на мерки на локално ниво кои ќе помогнат за подобрување на состојбата со отпадот и можностите за понатамошен забрзан развој на општината.

На средбата, министерката Шукова истакна дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање ќе даде конкретна поддршка за реализација на квалитетни и одржливи мерки и активности за унапредување на постојната состојба со животната средина во општината Чучер – Сандево.

Од состанокот произлезе заклучок дека заедничката соработка помеѓу институциите на национално и локално ниво е клучна за имплементација на одржливи, навремени и координирани активности кои ќе придонесат за поздрава животна средина и поквалитетен живот на сите граѓани во општината, но и за одржлив развој на самата општина.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија