HomeОпштиниПехчево: Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник

Пехчево: Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник

spot_img
spot_img
Заврши реализацијата на проектот „Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник, Општина Пехчево“ во вредност од 1.103.803,00 денари.
Финансиските средства Општина Пехчево ги има обезбедно од страна на Министерството за транспорт и врски, Потпрограма 11 – Поддршка на имплементацијата на Декада и Стратегија за Ромите за 2022 година.
Со реализацијата на овој проект, променети се сите фасонски делови во резервоарот, пуштена е во употреба втората комора од резервоарот и поставена е дополнителна опрема за хлорирање на водата.
Постоечката водоводна арматура и фасонски парчиња беа застарени нефункционални и можеше да дојде до нивно пукање, па затоа истите се заменети со нови.
Село Црник во летните и сушни периоди имаше недостаток на вода и населението остануваше без вода за пиење, но со пуштање во употреба на втората комора од резервоарот проблемот со водоснабдување е решен.
Со поставената дополнителна опрема за хлорирање на водата ќе се достигне поголем квалитет на истата и уништување на сите патогени и факултативно патогени микроорганизми.
Со реализација на проектот „Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник, Општина Пехчево“ постигната е целта односно обезбедена е чиста вода за пиење на населението и подобрено е водоснабдувањето на селото.
Го исполнуваме и реализираме ветеното на граѓаните!
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија