HomeОпштиниИлинден: Извршено асфалтирање на новиот кружниот тек

Илинден: Извршено асфалтирање на новиот кружниот тек

spot_img
spot_img

Во општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината, каде во текот на вчерашниот ден се изврши комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кеужен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза  динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината.

Во рамки на проектот се планира партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек.

Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте