spot_img
spot_img

Центар: Герасимовски – Според анализите на УНДП, Центар е пример за финансиско управување

ОпштиниЦентар: Герасимовски - Според анализите на УНДП, Центар е пример за финансиско...

Најчитано

Општина Центар е позитивен пример за финансиско управување според доброто финансиско управување насочено кон граѓаните, покажува извештајот на УНДП за 2022 година кој беше доставен до Општина Центар.

Општина Центар во извештајот на тема „Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања“ се издвојува по добро финансирање, редовно сервисирање на преземените обврски, партиципативно буџетирање, родово сензитивно буџетирање, ниско задолжување, одлична комуникација со невладиниот сектор и високо ниво на реализација на буџетот. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски порачува позитивните практики на Општина Центар да ги следат и другите општини.

„Навистина сум горд што нашата отвореност кон граѓаните за финансиското работење, нивната вклученост, проектите, интересот на проблемите на граѓаните и инвестициите за нивно решавање е позитивно оценето во Извештајот на УНДП. Општина Центар е позитивен пример за финансиско управување и тоа е така затоа што сме силно посветени за вложувања кои ги задоволуваат потребите на граѓаните. Продолжуваме со директна комуникација со нив затоа што оттаму ги црпиме информациите каде да ги насочиме финансиите. Овие позитивни практики кои ги оценува УНДП нека бидат пример и во другите општини со цел да остваруваат позитивни резултати и да изградат мост на доверба со нивните граѓани“, вели Герасимовски.

Силните заложби кои ги прави Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски се евидентирани и во извештајот на УНДП кој ја оценува Општина Центар како пионер во локалните иницијативи и практики на високопартиципативно буџетирање со умерен до висок удел на придонесот од граѓаните и бизнисите.

Во однос на партиципативното буџетирање, УНДП оценува дека Општина Центар организира тет а тет средби со засегнатите страни и избира проекти по пат на гласање, а да се каже „не“ е ретка одлика на одделот финансии во Општина Центар. Токму на овие лични средби кои позитивно ги оценува УНДП инсистираше и Герасимовски. Многу пати досега Герасимовски иницираше директни средби со бизнисмените и граѓаните со цел да ја види фактичката и реална состојба на потребите со цел да се изнајде соодветно решение. По овие согледувања соодветни одлуки донесува и финансискиот сектор во општината кој позитивно е оценет и во Извештајот.

„Вработените во одделот за финансиски прашања се почитувани од градоначалниците и од членовите на општинските совети со различна партиска припадност. Тие одржуваат висок степен на професионализам. Клучно е да се знае кога да се каже „не“ на неостварливите иницијативи, или барем да се каже „не сега“. Тоа е важно за подготовка на веродостоен локален буџет, избегнување на натрупувањето заостанати долгови на општината и влегување во непозната финансиска територија. Тоа е исто така поврзано со потребата за реално планирање и за придржување до фискалните ограничувања“, оценува УНДП.

Учеството на граѓаните во општинските политики и донесувањето на буџетот е позитивно оценето и од УНДП. Оваа година општинската администрација и градоначалникот Герасимовски одржаа средби во повеќе населби со цел запознавање на граѓаните со буџетските трошоци и нивно вклучување во креирање на буџетот. И токму овие политики и одделот за финансиски прашања на Општина Центар со реалното планирање на локалните приходи и расходи е основен двигател за добро управување со локалните јавни финансии, според УНДП.

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000