spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Кошарка: ООУ “К.Ј.Питу” шампиони - ,,режираше“ Сребров

Кисела Вода: Кошарка: ООУ “К.Ј.Питу” шампиони – ,,режираше“ Сребров

ООУ “Кузман Јосифовски Питу” е нов кошаркарски шампион во Општина Кисела Вода.

Во финалето на машкиот кошаркарски турнир во училишен спорт, кошаркарите на ООУ “К.Ј.Питу” славеа во средба со своите врсници од ООУ “Круме Кепески” со резултат 67:54.

 

Посебен момент на турнирот беше доделувањето на пехарите и медалите на најуспешните. На големо задоволство на учениците, наградите ги додели македонската кошаркарска легенда Петар Наумовски.

Инаку, во интересна и динамична игра пред преполната сала “Независна Македонија”, избраниците на наставничката по физичка култура Наташа Дургутов, во текот на целата средба беа подобар противник, предводени од незадржливиот Филип Сребров, МВП на турнирот.

Во борбата за тртетото место ООУ “Кузман Шапкарев” го совлада ООУ “Партенија Зографски” со резултат 48:32.

Интересно е, дека, натпреварите завршија и во футсал. Овде славеше ООУ “Невена Георгиева Дуња”, победувајќи со 2:0, во средба со своите врсници од ООУ “Кузман Шапкарев”. Во натпревар за третото место, пак, ООУ “Кирил Пејчиновиќ “дури по изведувањето на пенали ја совлада екипата на ООУ “Круме Кепески” со 6:4 во регуларниот тек средбата заврши нерешено 3:3. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Леон Ангелески. Наградите на најдобрите ги додели Бојан Димковски, в.д. директор на jавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти “Кисела Вода КВ Скопје”. Натпреварите во училишнот спорт продолжуваат во понеделник, 24 aприл со ракометниот турнир во женска конкуренција.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...