spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Образованието поттикнува ставови за нетолерантност кон корупцијата уште од...

МОН: Шаќири – Образованието поттикнува ставови за нетолерантност кон корупцијата уште од најрана возраст

Корупцијата е едно од тешките прашања со кои се соочува човештвото, и како со секое тешко прашање, борбата ниту е едноставна ниту некогаш завршува. Секое ново човечко достигнување се препнува токму на корупцијата  – и во ова време на секавичен пробив на вештачката интелигенција во сите сфери, едно од основните прашања е ризикот од нејзиното корумпирање и моќта за негативно влијание врз милиони луѓе. Затоа е многу важно справувањето со феноменот на корупцијата да го почнеме од базата што ги обликува децата, а таа база е образованието.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на тркалезната маса на тема „Антикорупциско образование – пристапи и предизвници“ што се одржа денеска на иницијатива на заменик претседателката на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, а со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал и германската амбасада во Скопје.

„Има консензус дека кај децата од најрана возраст треба да се поттикнуваат  ставови за нетолерантност кон корупција и да се развиваат вештини кои ќе им помогнат успешно да се спротивставуваат на притисоците, кога ќе се соочат со коруптивни практики. Ова е насоката кон која го водиме националниот воспитно-образовен систем преку темелната реформа што е во тек. Темите за антикорупција се најзастапени по предметот граѓанско образование, но обработка на феноменот корупција овозможена е и низ повеќе други предмети, во исто време, како резултат на креативноста и соработката меѓу наставниците“, рече Шаќири.

Министерот нагласи дека постои голема меѓуинституционална соработка и заедничко делување во овој сегмент на едукација, каде се вклучени и повеќе меѓународни партнери, со што, како што рече, борбата за општество кое е помалку толерантно кон корупцијата, добива повеќе шанси за успех.

„Убеден сум дека предложените следни чекори во јакнењето на антикорупциското образование, што ќе произлезат од оваа тркалезна маса, ќе можеме заеднички да ги преточиме во пракса, бидејќи тоа е од највисок интерес за сите нас“, потенцираше Шаќири.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...