spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова - Од мисијата на претставниците на Бернската Конвенција очекуваме реална...

МЖСПП: Шукова – Од мисијата на претставниците на Бернската Конвенција очекуваме реална независна проценка на состојбата со природното наследство на Охридското Езеро и НП Галичица и применливи препораки за нивно одржливо управување

Стручниот тим на Министерството за животна средина и просторно планирање предводен од министерката Шукова, денес ги прими претставниците на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, кои се во мисија во нашата државата во врска со Отворениот фајл за Република Северна Македонија: Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и Националниот парк Галичица – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата.

Во поздравното обраќање министерката Шукова ги презентираше активностите на Министерството и напредокот во секторот природа, како и активностите преземени согласно забелешките на Секретаријатот на Бернската конвенција.

„На оваа мисија на претставниците од Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенцијата гледаме како на можност претставници на надворешни неутрални институции врз основа на ставови на различни засегнати страни, како и на теренски посети да дадат реална независна проценка на состојбата со природното наследство на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица – кандидати за Емералд подрачја. Очекуваме дека проценката ќе рефлектира со применливи препораки на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во однос на утврдување на живеалиштата и дивите видови кои можат да бидат афектуирани од антропогени активности, како и препорака за мерки и активности за намалување на овие влијанија согласно постоечката состојба“ истакна Шукова.

Во рамки на делегацијата учествуваат и претставници на Конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење, особено за живеалиштата на водните птици (Рамсарска Конвенција) и  Конвенција за  заштита на светското културно и природно наследство (УНЕСКО), а на состанокот беа присутни и претставници од други релевантни државни органи и национални и меѓународни институции и експерти.

Мисијата, предводена од извршниот секретар на Бернската Конвенција Микаел Путиерс, утре и задутре продолжува со посета на на НП „Галичица“, општините  Охрид и Струга, како и теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и охридското и струшкото крајбрежје.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Реконструирани три краци од улицата „Скупи“

0
Деновиве се одвиваше завршната фаза од градежните активности при што беа реконструирани трите краци од улицата „Скупи“ која се наоѓа во населеното место Злокуќани....