spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Нова авиолинија Скопје - Франкфурт

МТВ: Нова авиолинија Скопје – Франкфурт

Од Меѓународниот аеродром Скопје ќе лета германската авиокомпанија „Луфтханза“.

Првиот авион од Франкфурт на скопскиот аеродром беше пречекан со свеченост, а на настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно. Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски:

” Имам чест и задоволство што денеска присуствувам на промоција на новата авиолинија Скопје-Франфурт на авиокомпанијата Луфтханза.

Ова е уште еден значаен момент за развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија бидејки авиокомпанијата Луфтханза за прв пат воспоставува линија од нашата земја.

Во име на Владата и министерството за транспорт и врски сакам да посакам добредојдовте во Република Северна Македонија и да ја изразам нашата благодараност за тоа што ја избраа нашата земја и Скопје за нивна нова дестинација.

Со ова го потврдуваме пријателството меѓу двете земји. Нашата соработка ја подигнуваме на повискоко ниво, а тоа што е уште поважно ги приближуваме народите од двете земји поблизу и полесно.

Бенефитот за Северна Македонија е уште поголем бидеќи оваа линиија го поврзува меѓународниот аеродорм Скопје со главниот меѓународен аеродорм во Франкфурт кој преставува  порта за целиот свет.

Од денеска нашите граѓани имаат можност да се поврзат со многу бројни дестинации како низ Европа така и низ останатите меѓународни и интерконтинентални аеродроми низ светот.

Воспоставувањето на оваа линија има неколку кратно значење за Република Северна Македонија. Тоа се совпаѓа со нашите политики за развој на ависообраќајот во земјава преку нудење на квалитетни услови и нови дестинации за нашите граѓани.

Дополнително создава можност за поефикасна конекција а со тоа и нови можности за домашните компании за проширувње на сопствените бизниси и пласирање на производите на нови пазари.

Секако таа е и во функција на нашите политики за привлекување на нови странски инвестиции за развој на нашата земја.

Веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски го реализираше јавниот повик за финаниска подршка на нови авиолинии.

Со поддршка на Владата, со зимскиот ред на летање ќе ги воспоставиме новите линии кон Љубљана, Салзбург, Штутгарт и Луксембург,  што е  дополнителен стимул во развојот на авиосообраќајот во земјава.

Оваа година предвидовме преку 1 милион евра за оваа година за финаниска поддршка.

Морам да спомнам дека ова е наш заеднички успех,  на Владата на Северна Македонија и нашиот партнер ТАВ кој низ годините докажуваме дека умееме од  Скопје и Охрид  да направиме  атрактивни дестинации.

Тоа го потврдуваме со континуираниот раст на патници кои надминуваат преку 2 милиони годишно, со тенденција бројот да расте со мерките што ги реализираме.

Ние како Влада и понатаму остануваме фокусирани на унапредување на авиосообраќајот. Нашата цел е да ги искористиме капацитетите на двата аеродорми и да го подобруваме авиособраќајот преку реализација на мерки и политики во насока на обезбедување широка мрежа на линии.

Во таа насока очекуваме дека и во наредниот период на Македонскиот пазар да влезат нови авиокомпании што ќе понудат атрактивни дестинации нудејќи нови можности за граѓаните на Северна Македонија”, изјави министерот Бочварски.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте