spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Албарез

МНР: Средба Османи – Албарез

“Преговорите мора да продолжат за време на шпанското претседателство со ЕУ”

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено оствари работна посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи искажа задоволство што оваа прва историска билатерална посета на министер за надворешни работи од Кралството Шпанија на нашата држава се случува во предвечерието на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи следната година меѓу двете држави и воедно во пресрет на преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Мадрид, како силна порака на поддршка на нашиот европски пат.

Заблагодарувајќи се за константната поддршка од официјален Мадрид за нашиот евроинтегративен процес, министерот Османи потенцираше дека Северна Македонија останува силно посветена во исполнувањето на неопходните обврски за продолжување на процесот на пристапни преговори, како влог во нашата иднина.

“Посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија и нашето европско досие. Да потсетам дека Шпанија на 1 јули го презема претседателството со Европската Унија од Шведска; клучен период за нас, кога според планот завршува скрининг процесот, и земјава треба да влезе во новата фаза од преговорите, а тоа е отворањето кластери и поглавја” нагласи Османи.

За таа цел, двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Шпанија за развој на соработката во процесот на пристапување на земјава во Европската Унија.

На средбата стана збор и за соработката во рамки на ОБСЕ во духот на актуелниот геополитички контекст, при што Османи, во својство на претседавач на ОБСЕ, истакна дека Украина останува прв приоритет на претседавањето со Организацијата. Османи го информира соговорникот дека веќе е воспоставена блиска комуникација и соработка со Високиот претставник на ЕУ и Потпретседател на Европската Комисија, Жозе Борел и изрази подготвеност за синергија и синхронизирано делување на двете претседавања – ОБСЕ и Советот на ЕУ до крајот на 2023 година.

Министрите разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации и секторската соработка меѓу двете држави, а разменија мислења и за најновите случувања во регионот на Западен Балкан и регионалните иницијативи како форма за зголемување на заемната доверба и надминување на отворените билатерални прашања меѓу соседите.

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...