spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМФ: Бесими за ВОА - Со раст на државните и приватните инвестиции,...

МФ: Бесими за ВОА – Со раст на државните и приватните инвестиции, ќе постигнеме стапки на раст од 5% и отворање нови работни места

Преку забрзување на вкупните инвестиции, во јавниот но и приватниот сектор, ќе се генерираат нови работни места и ќе се забрза економскиот раст, посочува во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“, министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека во буџетот се издвоени средства за капитални инвестиции во вредност од 5,3% од БДП, што е двојно повеќе во однос на историскиот просек, но и дека преку програми ќе се поттикнуваат инвестиции од приватниот сектор. За поддршка на приватниот сектор, но и населението во буџетот се предвидени и 225 милиони евра за антикризни мерки.

 

„Очекуваме инвестициите во вкупната економија во следните пет години од сегашните 31% – 32% да пораснат на 38% – 39%. На тој начин ќе се генерираат нови работни места, но и економскиот раст ќе се удвои во однос на тоа што бил во минатото, односно од околу 2,5%, би очекувале стапки на раст од 5% просечен годишен раст“, вели министерот за финансии и објаснува дека овие очекувања се темелат на заложбите на Владата да ги зголеми значително јавните инвестиции, преку крупни капитални проекти како почетокот на четирите нови автопати на Коридорите 8 и 10, но и изградбата на источната и западната пруга на железницата на Коридорот 8 и рехабилитација на пругата на Коридорот 10, како и вложување во енергетската независност. Бесими истакнува дека и преку програми финансирани од буџетот се поттикнуваат и приватните инвестиции.

 

Во однос на изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10, министерот за финансии посочува дека со нивното завршување нашата земја ќе стане крстосница на европските патишта, на клучните паневропски коридори, што е стратешки важно како за нас, така и за целиот регион. Проектот неколкукратно ќе ја подобри економската позиција и економскиот развој, со ефект од околу 2% од БДП  на годишно ниво, или 10% од БДП во тек на 5 години колку што ќе трае.

 

Тековно, останува поддршката за граѓаните и стопанството за полесно соочување со глобалната криза. Министерот посочува дека во буџетот за годинава се издвони 225 милиони евра за антикризни мерки или тоа се околу 1,5% од БДП. Превидени се средства за субвенциноирање на сумата за електричната енергија. За потребите на стопанството има средства преку поволните кредити на Развојната банка. Со програмите на Министерството за труд и социјална политика се предвидуваат средства за гарантираниот приход. Исто така, предвидени се средства и за други мерки доколку има потреба, како што беше случајот со поддршката на малите и средни претпријатија преку субвенционирана цена на електричната енергија во одреден временски период, за да тие да можат да обезбедат пониски трошоци за нивното производство. На располагање исто така стојат и административните мерки.

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...