spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - 3000 денари месечно за млади до 23 години кои...

МТСП: Тренчевска – 3000 денари месечно за млади до 23 години кои работат во производство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера ја посети компанијата Раде Кончар која работи на сервис и поправка на електрични производи. Целта на посетата беше министерката да се сретне со млади лица кои работат во производство и лично да го промовира Законот за младински додаток. Преку овој закон на младите лица до 23 години кои се во производствена дејност им се исплаќа надоместок од државата од 3000 денари месечно. Користењето на ова право прекинува со навршување на 23 години на младите лица. Со ова право во 2021 година биле опфатени вкупно 2500 лица, додека во 2022 година бројката се зголемила на 3500.

Тренчевска беше пречекана од страна на управничката на компанијата, Владанка Трајковска која ја информираше дека моментално во компанијата има вработени вкупно 5 млади лица до 29 години, додека 4 од нив се до 23 години. Едно од лицата веќе 3 години, односно од денот на вработување во „Раде Кончар“ го користи правото на младински додаток. Министерката за време на нејзината посета во погоните за работа разговараше со вработените кои не ја искористиле мерката за младински додаток и ги советуваше за чекорите до користење на надоместокот од 3000 денари. Од страна на младите беше прифатен ваквиот пристап на информирање на министерката и беше покажан интерес за аплицирање и остварување на ова право.

 

Посетата на министерката беше заокружена со неформална средба со управителката, Трајковска каде беше разговарано и за обновливите извори на енергија. Управителката информираше дека за задоволување на потребите за електрична енергија на „Раде Кончар“ поставени се фотоволтаици на половина од површината на кровот. Беше изразена и заинтересираност за проширување на оваа инвестиција.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

0
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште...