spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова - “Локалните иницијативи се потврда за препознавање и примена на...

МЖСПП: Шукова – “Локалните иницијативи се потврда за препознавање и примена на добрите политики за одржлив балансиран раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места”

Mинистерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше во панел сесијата посветена на иновациите и одржливиот развој, која беше дел од регионалниот бизнис форум што се одржа во Валандово.

Во своето воведно обраќање, Шукова истакна дека една од централни заложби на Владата е да ги постави енергетските политики во Република Северна Македонија на стабилни долгорочни основи базирани на чиста-зелена енергија со цел да се овозможат услови за одржлив раст на економијата на нашата држава, здрава животна средина и нови работни места.

4– Постигнувањето на неутрална Европа до 2050 година, што е една од климатските цели на ЕУ кон кои се стремиме и ние како држава, условува измени во голем број на клучни сектори, инвестирање во еколошки чисти и иновативни технологии, поддршка на индустријата за иновации, искористување на почисти, поевтини и поздрави форми на приватен и јавен превоз, декарбонизирање на енергетскиот сектор, обезбедување енергетска ефикасност на објектите, но и соработка со меѓународни партнери за подобрување на глобалните еколошки стандарди.  Ова е адресирано во голем број усвоени документи од оваа сфера , а истовремено, новиот Закон за енергетика и нацрт Законот за климатска акција се усогласени со законодавството на ЕУ – истакна министерката Шукова.

Таа додаде и дека државата се поинтензивно го стимулира користењето на сончевите зраци за производство на електрична енергија и дека со изградбата на две по 50 мегаватни електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на ЕСМ, Р.С.Македонија ја прави првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана. Воедно, во тек е реализацијата на десетина енергетски проекти на обновливи извори на енергија, како што се фотонапонските централи во РЕК Битола, во месноста Три чешми кај Штип, кај Миравци, ветерните електрани во делот на стариот аеродром во Штип, големиот проект за хидроцентралата Чебрен со Орлов мост, како и гасните централи на местото на ТЕЦ Неготино.

Министерката Шукова истакна дека е големо задоволство кога иницијативите доаѓаат од локално ниво. Впечатоците од интензивни средби со градоначалниците се дека на локално ниво се почесто се реализираат проекти што го заживуваат концептот за балансиран одржлив развој, преку насоченост кон енергетска заштеда, енергетска ефикасност, користење на обновливи извори на енергија и слично, што укажува на препознавање на моментот како предизвиците да се претворат во можности.

2Форумот со поздравно обраќање го отвориградоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, кој нагласи дека Општина Валандово, како домаќин полека, но сигурно од година во година го заживува  овој бизнис форум, како добра можност за равивање на соработка и размена на знаења и искуства на локално, национално и регионално ниво.

3На форумот присуствуваа експерти, претставници од извршната власт, граѓански организации, бизнис секторот, како и претставници од бизнис заедницата од Хрватска и Србија.

5Форумот го организираше општина Валандово во соработка со Фондација „Фридрих Еберт“.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...