spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога - Заедно да донесеме државничка одлука,уставните измени ќе ни го...

МП: Лога – Заедно да донесеме државничка одлука,уставните измени ќе ни го отворат патот кон ЕУ

Почетокот на преговори за членство во ЕУ бара од нас да се интензивираат активностите за јакнење на владеењето на правото и правната сигурност преку реформи во системот и хармонизација на законодавството. Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Меѓународната научна конференција „Современите аспекти на правната доктрина и толкување-предизвици и перспективи” посочи дека  реформите во правосудниот систем не можат и не смеат да останат само на хартија. Усвоените закони треба да се имплементираат а реформите треба да овозможат промена на практиките и навиките (особено на погрешните) како и на предрасудите.

„Најпрво, дозволете ми да го изразам моето задоволство што по 20 години повторно сум во УЈИЕ, во мојот дом, тука каде што ги поминав најубавите години од мојот живот, заедно со моите професори, колеги и пријатели.

Министерството за правда останува посветено на подобрување и јакнење на правната и институционална рамка во борбата против организираниот криминал и корупција. Реформската агенда бара посветеност, знаење, но и поддршка од сите чинители, во обидот да станеме дел од големото европско семејство.Пред нас се уставните измени. Од нас самите зависи дали ќе чекориме по патот на ЕУ или ќе стоиме во место. Време е, сите заедно да донесеме државничка одлука”,рече Лога.

Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права” од Кластерот „Темели” е клучно во евроинтегративниот процес.

„Имаме политичка волја, но и посветеност за решавање на одредени недостатоци во областа на правосудството, како и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Како Министерство за правда имаме направено многу во делот на реформите во правосудниот систем; во тек е дигитализација во правосудството, се подготвува нова Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година После скоро три децении години, најверојатно до крајот на годината ќе имаме комплетно нов Кривичен законик, а во тек е и подготовка на првиот Граѓански законик во кој за прват во еден акт ќе биде кодифицирана граѓанско-правната материја. Тука се и Законите  за помилување, за управување со конфискуван имот, за правда на деца, за извршување на санкции и други кои наскоро ќе влезат и во собраниска процедура”, нагласи Лога.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...