spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски - Децата од социјален ризик ќе добијат бесплатно летување

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – Децата од социјален ризик ќе добијат бесплатно летување

Следејќи ја стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите свои граѓани, Општина Кисела Вода излегува со уште една мерка за помош на децата од социјален ризик. Летово, тие ќе можат да користат бесплатно летување, за што од буџетот на Општината веќе се обезбедени финансиски средства во висина од 3 милиони денари.

 

 

-Услугата која вклучува платен превоз, сместување и храна, ќе може да ја користат деца од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта во општина Кисела Вода. Преку оваа мерка, тие ќе ја избегнат социјалната изолација, ќе имаат можност да стекнат нови пријатели, да се стекнат со нови искуства, да учат нови вештини, да откријат нови интереси и да работат на своето осамостојување, лична одговорност и самодоверба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Критериумите за користење на бесплатно летување ќе бидат објавени дополнително, преку јавен повик, по што ќе се знае и точниот број на ученици кои ќе ја користат оваа социјална мерка.

Создавањето на еднакви можности за сите деца претставува значаен придонес во нивниот развој и им дава подобра можност за успешен живот во иднина. Оттука, континуираната поддршка на Општина Кисела Вода продолжува преку повеќе мерки од социјалната сфера. Како локална самоуправа, сакаме да информираме дека проектот за бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт за децата од социјално ранливите категории, ќе продолжи и во следната учебна година, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...