spot_img
spot_img

Центар: Конкурс за доделување награди за најдобри наставници од одделенска и од предметна настава и стручни соработници за учебната 2022/2023 година

ОпштиниЦентар: Конкурс за доделување награди за најдобри наставници од одделенска и од...

Најчитано

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 17/22), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

  

КОНКУРС

за доделување награди за најдобри наставници

од одделенска и од предметна настава и стручни соработници

за учебната 2022/2023 година

 

Општина Центар-Скопје секоја година доделува награди и пофалници за најдобрите наставници и стручни соработници од општинските основни училишта што се на нејзина територија, во согласност со Програмата за образование.

Настанот традиционално се одбележува по повод Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, а наставниците се наградуваат со паричен износ и со пофалници, како дополнителен мотив за натамошна креативна работа во воспитно-образовниот процес.

 

Право на учество на Конкурсот имаат:

 

  1. Наставници/наставнички од одделенска и предметна настава и стручни соработници што се во редовен работен однос, со минимум три години работно искуство;
  2. Предлозите за наставниците и стручните соработници може да ги даде Наставничкиот совет (вкупно тројца кандидати од секое училиште), исто така, на конкурсот може самоиницијативно да се пријават сите што ги исполнуваат предвидените критериуми;
  3. При пријавувањето на Конкурсот за кандидатите треба да се достави професионално досие;
  4. Право на учество на Конкурсот имаат наставници и стручни соработници што не се наградувани во претходните три години;
  5. Изборот на најдобар одделенски, предметен наставник и стручен соработник го врши тричлена комисија формирана од Градоначалникот.

 

Документацијата на кандидатите се доставува до Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6 од 2.5.2023 до 10.5.2023 година од 9 до 15 часот.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000