spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети

Центар: Герасимовски – Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети

Општина Центар информира дека заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, бидејќи е исполнета квотата за субвенционирање.

Во рамките на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, општинските власти субвенционираа вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од цената, но не повеќе од 3.000 денари.

Со спроведувањето на оваа акција се реализира и поставената цел за обезбедување поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж низ улиците во Општина Центар.

Општина Центар информира дека во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, граѓаните ќе бидат навреме информирани преку веб-страницата на Општината, социјалните мрежи и средствата за јавно информирање.

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...