spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Граѓаните се изјаснија за сензорни соби во градинките

Карпош: Граѓаните се изјаснија за сензорни соби во градинките

Седумте работни групи кои се состанаа во рамки на четвртата Форумска сесија која се одржа вчеравечер во ООУ „Лазо Трповски“, одлучија со мнозинство гласови да го поддржат проектот за изградба на сензорни соби во детските градинки на територија на општина Карпош. Имено, карпошани бираа меѓу петте проекти кои се најдоа на синоќешниот дневен ред, при што по образложените критериуми за избор, истите беа детално презентирани пред присутната јавност.

Поточно, станува збор за проектот за поставување на соларни панели на малите буџетски корисници, потоа, проектот за изградба на модерен училишен спортски центар во ООУ „Петар Поп Арсов“, проектот за реконструкција на спортската сала во ООУ „Лазо Трповски“, како и  проектот за опремување на лаборатории во кабинетите по Биологија.

Според бодувањето на седумте работни групи како што напоменавме, најголема поддршка доби  проектот за изградба на сензорни соби во предучилишните установи во Карпош. Овој проект треба да се имплементира во рок од шест месеци, по што ќе се одржи и завршната петта Форумска сесија, (кон крајот на годинава). Инаку, форумските сесии се одржуваат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ чии партнери се  Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...