spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски - Абди: Децении соработка со УНИЦЕФ донесоа позитивни промени во Северна...

Ковачевски – Абди: Децении соработка со УНИЦЕФ донесоа позитивни промени во Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Њујорк оствари средба со заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди.

На средбата на која присуствуваше и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНИЦЕФ, која во 1993 година, беше една од првите две агенции на ОН што отвори канцеларија во земјата откако таа стана независна држава.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека нашата држава придава големо значење на децениите на соработка со УНИЦЕФ, која придонесе за развојот на земјата и во време на криза оваа агенција внесе позитивна промена за генерации деца.

На средбата, заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди, ја потенцираше исклучителната соработка со Владата во доменот на реформите во образованието, бидејќи се од суштинска важност за правилно поставување на темелите на просперитетот на земјата.

Абди упати честитки во име на УНИЦЕФ за извонредниот напредок на земјата, постигнат во изминатите 30 години.

Изрази задоволство што УНИЦЕФ се партнери на Владата и ја реафирмираше подготвеноста за натамошна соработка и поддршка во реформскиот процес.

Претседателот на Владата, Ковачевски упати порака и за понатамошна соработка и истакна дека Владата во Северна Македонија ги препознава вредностите на УНИЦЕФ и е благодарна и дава поддршка во нејзините активности и иницијативи во сферата на детската заштита, образованието, социјалната заштита, следење на правата на децата, адолесцентите и младите.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Ќе се реконструира просторот околу Спомен Костурницата

0
Почнува реконструкцијата на просторот околу Спомен Костурницата. Градоначалникот Марко Колев заедно со претставниците од фирмата изведувач направија вовед во работата и се очекува во...