spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски-Скуг: Северна Македонија останува фокусирана на својата стратешка цел, членство во ЕУ

Ковачевски-Скуг: Северна Македонија останува фокусирана на својата стратешка цел, членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на САД оствари средба со Олоф Скуг, амбасадор на Европската Унија во Обединетите Нации.

На средбата на која присуствуваше и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, се разговараше за европската интеграција на Северна Македонија, како и динамиката на проширувањето на ЕУ, кој е во интерес на самата Унија, бидејќи на тој начин земјите од Западен Балкан се фокусирани на реформите и придонесуваат кон европската безбедност и стабилност.

Премиерот Ковачевски истакна дека сега е вистински момент за забрзување на ЕУ интеграциите и дека Република Северна Македонија останува посветена на исполнување на својата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, како и на спроведување на реформите во земјата.

Скуг ја истакна поддршката во процесите и беше заклучено дека сега е вистинскиот момент да се забрзаат евро-интегративните процеси, особено поради силната поларизација на светот во услови на геополитички превирања и влијанија од трети страни.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...