spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Триумф на кошаркарскиот турнир

Кисела Вода: Триумф на кошаркарскиот турнир

Селекцијата на Општина Кисела Вода, победи на кошаркарскиот турнир, кој се игра во рамките на Купот “Св Ѓорѓи”. Избраниците на тренерите Благоја Кечовски и Наташа Дургутов, во текот на целата финална средба беа подобар противник од селекцијата на Општина Карпош и сосема заслужено триумфираа со резултат 58:46 (по четвртини 10:10, 8:11,18.9 и 22:16).

 

Клучен момент на средбата беше, разиграниот незадржлив тандем Ѓорѓевиќ-Сребров, кој со леснотија го полнеше противничкиот кош. Во борбата за третото место селекцијата на Општина Аеродром со 51:25 ја совлада соодветната селекција на Општина Гази Баба. Ова беше прв од вкупно трите турнири во три спорта, на кои играат талентирани селектирани ученици од основните училишта на општините Кисела Вода, Карпош, Аеродром и Гази Баба.

 

За најдобар играч на турнирот беше прогласен кошаракрот на Кисела Вода Григори Ѓорѓевиќ. Пехарите и дипломите на најуспешните ги додели Бојан Димковски Советник на Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Инаку, турнирите се играат под покровителство на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во чест на ,,Ѓурѓовден“, патрониот празник на Општината Кисела Вода. Во вторник и среда во спортската сала ,,Независна Македонија“, на програмата која започнува од 12.30 минити се игра одбојкарскиот турнир, додека фудбалскиот турнир во четврток и петок во исто време е закажан во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте