МФ: Бесими – Во процесот на нови вработувања МФ само дава известување дали има обезбедено финансиски средства во буџетот на буџетскиот корисник

МинистерстваМФ: Бесими - Во процесот на нови вработувања МФ само дава известување...

Најчитано

Главна надлежност на Министерството за финансии е да го проектира буџетот, да ја даде рамката и главните претпоставки и постапува согласно она што е усвоено во Собранието, каде пратениците одлучуваат во име на граѓаните и се што е ново и надвор од она што е усвоено треба да чека нов буџет.

 

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, при што најави дека за да се надминат нејаснотиите што се јавуваат во законски утврдениот процес за вработување кај буџетските корисници, постапката ќе биде јавно објавена на веб страната на Министерството за финансии.

 

„Во однос на процесот на реализација на нови вработувања кај буџетските корисници  Министерството за финансии дава само известување дали има обезбедено финансиски средства кај буџетскиот корисник во кој треба да се реализира новото вработување, бидејќи тоа се средства од буџетот и секое трошење кое не е предвидено и не се обезбедени средства значи оштетување на буџетот, рече министерот за финансии и потенцира дека Министерството за финансии нема ингереции и капацитет да врши микроуправување во институциите и одговорност за тоа е на тие што управуваат со институциите.

 

Додаде дека во случајот со Клиниката во Штип, но и за сите други за кои се доставени барања во Министерството за финансии, се води комуникација помеѓу институциите и се работи на надминување на разликите.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе